logo
logo
logo

ПЕТ РАБОТИ КОИ БОГАТИТЕ ГИ ПРАВААТ ПОИНАКУ Зошто сиромашните остануваат сиромашни, а богатите заработуваат додека спијат?

Vecer | 15.04.2025

ПЕТ РАБОТИ КОИ БОГАТИТЕ ГИ ПРАВААТ ПОИНАКУ Зошто сиромашните остануваат сиромашни, а богатите заработуваат додека спијат?

Има причина зошто богатите луѓе се богати. Тие не го прават она што го прават оние кои ја немаат таа „среќа“.

Тиктокер кој се занимава со е-трговија често дава финансиски совети и многу други совети на неговиот профил. Го следат повеќе од 70.000 луѓе, а неодамна објави видео во кое ги објаснува петте навики кои ги разликуваат богатите од помалку богатите.

1. Додека сиромашните гледаат телевизија и Нетфликс, богатите читаат книги

Ако долго време не сте држеле добра книга во раце, сега е вистинското време. Имено, успешните и богати луѓе ќе посегнат по книга наместо да вклучат серија или филм на ТВ или Нетфликс. Запомнете, во книгите има знаење што никогаш не можете да го добиете од гледањето телевизија.

2. Сиромашните се платени по час, богатите по учинок

Еден ден трае 24 часа. Ако имате стандардна работа од 9 до 17 часот, веќе сте донекаде „во загуба“. Урбаната легенда вели дека богатите заработуваат додека спијат.

3. Сиромашните штедат, богатите инвестираат

Ако заштедите 10.000 динари месечно, истите 10.000 динари ќе ги имате на крајот на месецот. Но, од друга страна, ако ги вложите тие 10.000 динари во нешто, тоа може да се врати повеќекратно.

4. Сиромашните ги обвинуваат другите, богатите преземаат иницијатива

И додека сиромашните ќе ги обвинуваат другите дека се сиромашни, богатите нема да поминат ниту еден момент во сожалување, туку истото време ќе го поминат развивајќи нови идеи, планови и конкретни акции.

5. Сиромашните сакаат да се збогатат преку ноќ, а богатите разбираат дека клучот е доследноста

Најдобар пример за ова е лотаријата. Многу луѓе мислат дека е можно да се збогатат преку ноќ, додека повеќето од богатите знаат дека тоа е невозможно и неодржливо. Додека сиромашните се потпираат на тоа да имаат среќа, богатите и успешните луѓе се свесни дека можат да се потпрат само на себе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk