logo
logo
logo

Ноќта спроти Велики четврток може да ја открие вашата судбина! Девојки, задолжително направете една работа!

Vecer | 16.04.2025

Ноќта спроти Велики четврток  може да ја открие вашата судбина! Девојки, задолжително направете една работа!

Православните верници утре го слават Велики четврток во спомен на последниот оброк на Исус Христос, познат како Тајна вечера.

На тој ден во храмовите се служи литургија на свети Василиј Велики, а на Велики четврток е воведена Светата Тајна Причест, поради што се верува дека и на најголемите грешници кои ќе се причестат на тој ден ќе им бидат простени гревовите.

Но, има обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, а кои се поврзани со ноќта спроти Велики четврток.

Најпознатиот обичај во ноќта што го пречекува Велики четврток се однесува на девојките и нивната љубовна судбина.

Имено, на Велики Четврток вечерта, девојките треба да стават огледало, чешел, крпа под перницата и пред спиење да кажат: „Кој ми е суден, нека дојде вечерва да се избрише со крпава, да си ја исчешла косата со чешелов и да се погледне во огледалово“.

Се верува дека кого и да сонувала девојката таа ноќ, ќе се омажела за него. За да дознаат каде ќе се венчаат, во село или на друго место, девојките во пресрет на Велики четврток сееле босилек во својата градина, а следниот ден го проверувале местото. Се веруваше дека ако има отпечаток од копито на израмнетата земја во градината, тогаш ќе се венчаат надвор од селото, а ако видат отисок од шепа или отпечаток од човечко стапало, тоа е знак дека ќе се венчаат во селото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk