Колумнистката на порталот The Verge, Викторија Сонг, имаше можност истовремено да ги испроба новите паметни наочари на Мета (Фејсбук) и паметниот прстен Vocci. Наочарите ѝ овозможија да сними видео и прстенот за снимање на звук, а напиша и интересен осврт за своето искуство.

Авторката ја започнува статијата со коментар за тоа како Холивуд истовремено ги постави и уништи нашите очекувања за паметни Наочари. Но, откако изгледаше две сезони од серијата „Inside Man“ на Netflix, таа вели дека можеби е прв пат да го види Холивуд, можеби ненамерно, како го илустрира најголемиот културен проблем со паметните наочари какви што ги знаеме денес.
Во серијата, симпатичен вдовец, игран од Тед Дансон, се инфилтрира во дом за стари лица опремен со наочари Ray-Ban Meta за да пронајде крадец на скапоцености. Неговите постапки треба да бидат презриви - тој шпионира цело домаќинство без согласност - но публиката го перцепира како добронамерен дедо кој решава криминал.

Како експерт за нослива технологија, авторката на The Verge беше заинтригирана од внатрешниот конфликт со кој се соочува ликот - тивките моменти кога одлучува да ги исклучи наочарите или да избрише снимки, и моментите кога неговите нови пријатели се чувствуваат предадени. Ова, како што вели таа, е одраз на нејзиното сопствено искуство. Во последните месеци, таа живееше опкружена со „шпионски наочари“ и уреди за постојано прислушување, во она што таа го нарекува „ноподнослива состојба на надзор“.
Културна војна на социјалните мрежи
Пред две недели, Мета лансираше поевтини паметни наочари без брендот Ray-Ban, во партнерство со Кајли Џенер. Откако нивните први наочари се покажаа како поуспешни од очекуваното во 2023 година, компанијата постојано објавуваше нови модели.
Но, ова најново лансирање предизвика лавина од реакции на социјалната мрежа на Мета Threads.
„Сите се согласуваме дека наошарите Мета се за перверзници, нели?“ напиша авторката на бестселери Намина Форна во објава со повеќе од 30.000 лајкови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата