logo
logo
logo

Се бараат доброволци: 5.000 ЕВРА ЗА 10 ДЕНА ЛЕЖЕЊЕ (ФОТО)

Vecer | 12.02.2026

Се бараат доброволци: 5.000 ЕВРА ЗА 10 ДЕНА ЛЕЖЕЊЕ (ФОТО)

Институтот за вселенска медицина и физиологија (Medes) во Тулуз бара 10 здрави мажи за студија што симулира бестежинска состојба во вселената, а од волонтерите ќе се бара да лежат 10 дена, за 5.000 евра.

Избраните волонтери ќе поминат 10 дена лежејќи во малку наклонета положба, практично приковани за креветот, со внес од само 250 калории дневно, објави порталот BFM TV.

За учество во оваа вселенска мисија, секој субјект ќе добие 5.000 евра.

Апликантите мора да бидат мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, кои спортуваат и се во совршено здравје.

„Експериментот е планиран за јуни, а неговата цел е да се проучи ефектот на нултата гравитација врз човечкиот метаболизам и исхрана, што е клучно за идните подолги вселенски мисии“, вели раководителката на проектот Амандин Фабре.

Институтот веќе добил бројни апликации, вклучувајќи и поранешни учесници. Еден од нив, Ерван, учествувал во сличен експеримент во 2023 година во кој поминал 60 дена во кревет и за тоа добил 18.000 евра.

„Во првите неколку часа, телото се адаптира побавно, но потоа многу брзо сфаќате како телото се навикнува на тоа“, изјави Ерван за BFM TV.

Студијата во Тулуз е дел од поширока истрага за физиолошките предизвици што луѓето можат да ги доживеат за време на долги престои во вселената.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk