logo
logo
logo

Како да го одржите здравјето и енергијата за време на летните горештини?

Vecer | 02.07.2025

Како да го одржите здравјето и енергијата за време на летните горештини?

Високата температура често влијае на губење на апетитот, но и на нашите секојдневни навики во исхраната. Експертите советуваат во текот на летото да се избираат лесни и свежи оброци.

„Телото некако ни кажува што треба да правиме, всушност треба да се хидрираме, тоа е она познато да пиеме вода, течности, но навистина, не треба да избегнуваме супи, чорби. Сега е сезона на лубеници и дињи, само не претерувајте, не треба да ги заменуваме главните оброци со овошје и само навечер кога ќе седнеме чувствуваме глад“, вели Борјана Депало, нутриционист.

Водата, лимонадата и незасладените билни чаеви се најдобриот избор за хидратација, додека газираните и алкохолните пијалоци треба да се избегнуваат. Особено е важно да се јадат оброците во времето кога се предвидени.

„Идеално би било појадокот да биде до 11 часот, бидејќи ако е поинаку се претвора во ужина помеѓу појадокот и ручекот, што не е добро бидејќи е жешко и навистина немаме апетит. Нашиот центар за регулирање на телото е преоптоварен кога надвор е жешко и се потиме толку многу што нашиот центар за апетит се става во втор план, и затоа луѓето немаат апетит“, вели Борјана Депало, нутриционист.

„Од 13:00 часот, јадете пилешко, риба, задолжително салата, супи, чорби, само да не сте на овошје сè до вечерата“, истакнува таа.

Правилно избалансираната исхрана во текот на летото помага не само полесно да се справите со топлината, туку и да го одржите здравјето и енергијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk