logo
logo
logo

ВРТОГЛАВИЦА, СЛАБОСТ И ЗАБРЗАН ПУЛС СЕ СИМПТОМИ НА НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК. Еве што веднаш да направите за да го вратите во нормала

Vecer | 27.12.2025

ВРТОГЛАВИЦА, СЛАБОСТ И ЗАБРЗАН ПУЛС СЕ СИМПТОМИ НА НИЗОК КРВЕН ПРИТИСОК. Еве што веднаш да направите за да го вратите во нормала

За хипертензијата, односно покачениот крвен притисок, знаат сите – за неа многу се зборува како за сериозен и опасен проблем, луѓето се свесни за симптомите и умеат да ги препознаат. Од друга страна, за нискиот крвен притисок сите слушнале, многумина дури тврдат дека го имаат, но голем дел не ги знаат неговите причини ниту што треба да направат за да го покачат до нормални вредности. Исто така, малкумина знаат дека и нискиот крвен притисок, доколку трае подолго и не се лекува, може да стане опасен.

Најчести симптоми се:

  • заматен вид,
  • конфузија и отежната концентрација,
  • вртоглавица,
  • несвестица,
  • мачнина или повраќање,
  • општа слабост,
  • слаб и забрзан пулс,
  • брзо и плитко дишење и
  • обилно потење.

За брзо покачување на притисокот

Кога притисокот нагло ќе падне, за побрзо да се опоравите, најдобро е веднаш да изедете нешто солено, бидејќи солта го покачува притисокот. Секако, во нормални услови е подобро да се внесува помалку сол, но при нагло паѓање на притисокот потребна е итна реакција и мала количина солена храна. Добри примери за „итни подигачи“ се пармезан или друг тврд зреан кашкавал, пршута или крекери, а може дури и да растворите една лажичка сол во вода.

Доколку нискиот притисок е последица на нагло паѓање на нивото на шеќер во крвта, за побрзо отстранување на симптомите како замор и несвестица, добро е во организмот да внесете едноставни шеќери кои брзо се апсорбираат. Можете да растворите лажичка шеќер во вода, да земете коцка шеќер и да ја растопите во уста, една до две лажички мед или некое засладено суво овошје, како суво грозје или урми.

Совети за сите кои имаат низок притисок:

1. Јадете помали оброци почесто во текот на денот

Консумирањето повеќе мали оброци во текот на денот може да помогне да се спречи нагло паѓање на крвниот притисок, кое кај некои лица се јавува по обилен оброк. Големите оброци можат да предизвикаат побрз пад на притисокот бидејќи телото мора повеќе да се напрега за варење на поголема количина храна. Затоа, ако сте склони кон низок притисок, намалете ги порциите и јадете почесто. Наместо три големи оброци дневно, подобро е да имате пет помали.

2. Внесувајте повеќе течности

Дехидрацијата го намалува крвниот притисок, а водата е најдобар начин за хидратација на телото, па потрудете се да пиете најмалку две до три литри вода дневно. Дополнително, можете да вклучите супи или рехидратациски раствори кои ќе го снабдат организмот со електролити неопходни за одржување на течностите во телото. Дехидрацијата е една од честите и прилично вообичаени причини за низок крвен притисок.

3. Кафето помага

Кафето и другите пијалаци што содржат кофеин, како чајот, можат привремено да го покачат крвниот притисок. Кога притисокот нагло ќе падне, една шолја кафе или чај може повторно да ја поттикне циркулацијата. Иако сè уште не постои прецизно научно објаснување за овој механизам, се смета дека кафето навистина може да го зголеми крвниот притисок.

4. Доволно сол

Солта делува како моментален подигач на притисокот. Важно е само да не се претерува, за да не дојде до проблеми како задржување на течности во телото.

5. Зелен чај Содржи бројни антиоксиданси, витамини и минерали кои помагаат во третманот на низок крвен притисок. Точниот механизам со кој зелениот чај помага во покачување на притисокот не е целосно познат, но се смета дека го блокира дејството на хормоните одговорни за одржување на крвните садови проширени, а нивното стегање доведува до зголемување на крвниот притисок.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk