Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) предупреди дека нарушувањата во Ормутскиот теснец би можеле да имаат сериозни последици врз глобалните залихи на храна, првенствено преку зголемување на цените на ѓубривата, горивото и трошоците за поморски транспорт.
Според извештаите и коментарите на експертите, зголемувањето на премиите за осигурување на бродови и нестабилноста во синџирите на снабдување придонесуваат за зголемување на цените на клучните земјоделски инпути (ѓубрива, семиња, гориво и пестициди), што би можело да влијае на производството и достапноста на храна низ целиот свет, објави порталот „Прес ТВ“.
Особено е забележливо зголемувањето на цените на азотните ѓубрива, како што е уреата, која се транспортира во големи количини преку Ормутскиот теснец - еден од најважните глобални поморски патишта за енергија и хемиски суровини.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата