Со возраста, губењето на тежината и одржувањето на телесната тежина станува сè потешко поради природното забавување на метаболизмот и промените што доаѓаат со стареењето.
Иако забавувањето на метаболизмот е нормално, можно е да се ублажи неговиот ефект со промена на исхраната. Експертите за здравје и исхрана наведоа неколку намирници што луѓето над 40 години треба да ги избегнуваат бидејќи дополнително го забавуваат метаболизмот. Еве за што предупредуваат.
1. Бел ориз
Белиот ориз содржи помалку влакна, што го отежнува регулирањето на шеќерот во крвта и може да поттикне прејадување.
„Консумацијата на бел ориз треба да се намали на минимум. Му недостасуваат влакна и хранливи материи, што резултира со повисок гликемиски индекс, односно брзо зголемување на шеќерот во крвта. Со текот на времето, ова придонесува за инсулинска резистенција и воспаление. Наместо тоа, им советувам на пациентите да избираат интегрални житарки, кои обезбедуваат влакна и со тоа постабилен одговор на шеќерот во крвта“, објасни доктор д-р Кубаних Такирбашев за SheFinds.
2. Маргарин
Некои маргарини содржат транс масти и други нездрави масти кои го поттикнуваат воспалението, а хроничното воспаление е поврзано со метаболички тешкотии.
Нутриционистката Јохана Ангман вели:
„Маргаринот и пржената храна содржат транс масти, за кои е познато дека го зголемуваат лошиот холестерол (LDL) и го намалуваат добриот холестерол (HDL). Оваа нерамнотежа може да доведе до атеросклероза, состојба што значително го зголемува ризикот од срцеви заболувања. Внимателното читање на декларациите и избегнувањето производи со „делумно хидрогенизирани масла“ може да помогне во намалувањето на внесот на транс масти.“
3. Преработено месо
Преработените месни производи како што се колбаси, сланина и салама често содржат адитиви, конзерванси, нитрати и големи количини на натриум, што може негативно да влијае на метаболизмот и да го поттикне зголемувањето на телесната тежина.
Нутриционистката Емили Џонсон истакнува:
„Колбасите, сланината и виршлите се богати со заситени масти и натриум. Тие често содржат конзерванси како нитрати, кои го нарушуваат метаболичкото здравје и водат до зголемување на телесната тежина.“
4. Растителни масла
Одредени растителни масла може да содржат скриени транс масти или делумно хидрогенизирани масла. Диететичарката Џил Монгин предупредува:
„Познато е дека транс мастите и хидрогенизираните масла предизвикуваат срцеви проблеми како што се висок холестерол и, на долг рок, затнати артерии.“
Регистрираниот нутриционист Џеј Ковин се согласува, заклучувајќи:
„Универзитетот во Калифорнија вели дека не е здраво да се користи растително масло бидејќи е 80 проценти масти и 20 проценти протеини, што значи дека е претежно заситено масно масло. Исто така, содржи само траги од хранливи материи, па затоа готвењето со ова масло не дава многу корист во споредба со маслата што имаат поголема содржина на незаситени масти, како што е маслиновото масло.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата