logo
logo
logo

БАДНИК – вечер на тишина, трпеза и семејна слога ОБИЧАИ ШТО НОСАТ БЕРИЌЕТ И СРЕЌА

Vecer | 04.01.2026

БАДНИК – вечер на тишина, трпеза и семејна слога ОБИЧАИ ШТО НОСАТ БЕРИЌЕТ И СРЕЌА

Бадник го означува почетокот на подготовките за најрадосниот христијански празник – Божик. Името е поврзано со бадникот, дабово дрво кое традиционално се сече и се внесува во домот, а овој ден изобилува со обичаи и симболи кои и денес се почитуваат во многу семејства.

Храната на трпезата

Иако обичаите со текот на времето се приспособиле на современиот начин на живот, Бадниковата вечер останала клучна и со посебно значење. Домаќинките подготвуваат богати посни јадења, верувајќи дека храната на трпезата влијае врз здравјето, слогата и просперитетот во претстојната година. Сите јадења остануваат на масата до Божик.

Јадења на бадниковата вечера

Бадниковата вечера е последниот посен оброк во годината, но според народните обичаи секогаш е богата и разновидна. Трпезата не се расчистува по вечерата – сите јадења остануваат на масата до Божик. Обичајот налага да се вкуси од сè што е подготвено. Вечерата се консумира во тишина, а се верува дека токму на Бадник е најдобро да се помириме доколку имало несогласувања, за следната година да помине во хармонија и слога.

Непарен број јадења и семејно собирање

Едно од најважните правила на Бадниковата вечера е да се подготви непарен број јадења, што се смета за симболичен заштитник на домот и показател на почит кон традицијата. Главната цел на вечерата е собирањето на целото семејство за заедно да го дочека Божик. На трпезата задолжително има риба и грав, а вечерата завршува со суво овошје, компоти, посни пити и колачи.

Што сè треба да има на трпезата за Бадник?

Според традицијата, на Бадниковата вечера треба да се најдат следните намирници:

  • Погача која се крши, а не се сече
  • Леб и сол
  • Пржена риба
  • Грав
  • Кисела зелка и туршија
  • Мед и вино

Покрај храната, на масата се става свеќа, и сито или тепсија со четири големи црвени јаболка, жито, малку пченка, пари, суви сливи и ореви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk