logo
logo
logo

130 години СТАР МЕРЦЕДЕС ДОБИ ПАТНА ДОЗВОЛА

Vecer | 26.04.2023

130 години СТАР МЕРЦЕДЕС ДОБИ ПАТНА ДОЗВОЛА

Речиси 130-годишниот Benz Victoria ја поминал главната инспекција во TÜV Nord во Ајнбек во Долна Саксонија и добил продолжување на патната дозвола за уште две години.

Стручната организација TÜV, која меѓу другото управува со линиите за технички преглед, во понеделникот ја потврди исправноста на најстариот автомобил во Германија.

Од вторникот, возилото, кое повеќе личи на кочија, може повторно да се види во музејот за автомобили PS.Speicher во Ајнбек.

Голем број посебни прописи важат за автомобил со број на модел 99. Бидејќи има само светилки наместо фарови, може да се вози само преку ден. Покрај тоа, наместо трепкач, возачот има големо лопатка што ја покажува насоката на движење.

Автомобилот има 6 КС и може да достигне 30 км/ч. Се придвижува од трилитарски едноцилиндричен мотор.

Според TÜV, тоа би можело да биде најстариот автомобил во светот. Последен пат беше прегледан пред две години и и тогаш немаше поплаки за исправноста. Редовно се одржува во музејот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk