logo
logo
logo

130.000 ЕВРА ЗА ЛАДА: За некои цената претерана, за него многу труд (ВИДЕО)

Vecer | 19.05.2022

130.000 ЕВРА ЗА ЛАДА: За некои цената претерана, за него многу труд (ВИДЕО)

Еден од најпопуларните модели во поранешна Југославија не се сметаше за спортски автомобил, бидејќи Лада Рива имаше некои други доблести, но овој пример е многу вреден.

Сопственик на оваа Лада Рива, односно ВАЗ 2105, според фабричката ознака е Федор Воробјев, еден од најдобрите дрифтери во Русија, кој со години успешно настапува со својата Лада и секогаш е на самиот врв на конкуренцијата.

Воробјев неодамна реши да ја продаде својата Лада, а истакнатата цена од неверојатни 137.000 евра ги изненади и најголемите љубители на дрифтот. Не треба да се спори фактот дека во тјунинг се вложени многу пари, труд, знаење и време, но цената сè уште изгледа претерано.

Во основа, оваа Лада нема речиси никакви допирни точки со фабричкиот модел. Единствената несомнена врска е обликот на каросеријата, додека речиси сите елементи на механиката и внатрешноста се заменети со тркачки.

Под хаубата се наоѓа 3.0 турбо бензинец со дури 610 КС и 800 Nm, а како изгледа оваа Лада во акција погледнете во видеото:

https://youtu.be/9-VSnaYnmmY

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk