Француската актерка Надја Фарес почина на 57-годишна возраст по несреќа во базен во Париз, соопштија нејзините ќерки. Како што пренесува францускиот весник „Фигаро“, актерката била пронајдена во бесвесна состојба во базенот на еден спортски комплекс во француската престолнина.
Според наводите, Фарес пливала користејќи пераи и штица за пливање, кога одеднаш ја изгубила свеста и останала под вода неколку минути. И покрај интервенцијата на медицинските екипи, актерката не успеала да се опорави од последиците на несреќата. Фарес беше позната по своите улоги во француската кинематографија, оставајќи зад себе значаен траг во филмската уметност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата