logo
logo
logo

11 години во соба ја КРИЕЛ ДЕВОЈКАТА, биле РАЗЛИЧНА ВЕРА!

Vecer | 12.06.2021

11 години во соба ја КРИЕЛ ДЕВОЈКАТА, биле РАЗЛИЧНА ВЕРА!

Рахман Кани ја криел својата девојка Саџита во својата соба во семејната куќа од 2010 година, пренесува The Sun.

Заедно избегаа од страв дека нивните родители нема да ја прифатат нивната врска, бидејќи биле од различна вера. Хани потоа се вратил дома и ја скрил девојката.

Тој дури и ја електрифицирал кваката за да ги држи родителите и сестрата подалеку од собата, и секогаш кога ќе излезел надвор ја заклучувал вратата од собата. Саџита излегувала низ прозорецот ноќе. Во текот на денот, таа гледала телевизија со слушалки.

Исчезнувањето на Сајита пред 11 години било пријавено во полиција, која започнала истрага, но без успех.

Оваа година парот се преселил во заеднички дом без да каже никому. Семејството на Хани пријавило дека тој е исчезнат, што ја навело полицијата до откритието.

Кани ѝ објаснил на полицијата дека се преселил со девојката откако ја криел 11 години. Иако на почетокот не му веруваа, во собата во семејната куќа пронајдоа докази дека Сајита живеела таму.

На суд им беше дадена дозвола од судијата да живеат заедно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk