logo
logo
logo

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Се создава пилула која ќе им овозможи на луѓето да живеат подолго од 200 години!

Vecer | 04.07.2022

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА НАУЧНИЦИТЕ: Се создава пилула која ќе им овозможи на луѓето да живеат подолго од 200 години!

Научниците се на чекор кон создавање на пилула која на луѓето ќе им овозможи да живеат 200 или повеќе години.

Иако никогаш не е утврдено колку години човек може да живее, повеќето од луѓето претпоставуваат дека ако постои граница, таа би била 100 години. Меѓутоа, научниците сега создаваат пилула која на лужето ќе им овозможи да доживеат 200 и повеќе години.

ДР Ендрју Стил, автор на книгата „Агелес Нова наука за старење без стареење“ објаснил за Маил Онлајн дека не постои физичка и биолошка причина поради која луѓето можат да достигнат 200 години, пишува Esquireme.com.

„На секои неколку години имаме нови студии кои носат одредена фундаментална граница на животниот век на човекот, но на сите им недостасува едно клучно парче, а тоа е фактот дека никогаш досега не сме се обиделе да го третираме процесот на стареење. Не гледам физичка или биолошка причина зошто луѓето не би можеле да живеат до 200 години. “Предизвикот е дали биомедицинската наука може да се развие доволно за да го овозможи ова“, рече д-р Ендрју.

Тој верува дека новата пилула ги елиминира т.н зомби клетки во телото кои се главнен виновник за распаѓање на ткивото и органите како последица возраста.

Експертите веруваат дека помладите луѓе со здрав имунолошки систем, се повеќе способни да ги исчистат оштетените клетки, но како што луѓето стареат, тие не се отстрануваат толку ефикасно, на тој начин се акумулираат во организмот и предизвикуваат здравствени проблеми поврзани со возраста.

Таблетите кои ги исфрлаат овие клетки од човечкото тело, и веќе се тестираат на луѓе, би можеле да се најдат на пазарот за десет години, смета д-р Стил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk