logo
logo
logo

Мајка на четири деца на (54) ИЗЛЕГУВА САМО СО ДУПЛО ПОМАЛИ МОМЦИ: „Моите врсници се досадни“

Vecer | 15.01.2022

Мајка на четири деца на (54) ИЗЛЕГУВА САМО СО ДУПЛО ПОМАЛИ МОМЦИ: „Моите врсници се досадни“

Улрика Џонсон (54), водителка и поранешна манекенка со шведско потекло, е позната по своите остри изјави кои често ја предизвикуваат јавноста.

Улрика секојдневно објавува провокативни фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а токму поради нив пред неколку месеци беше тема на сите светски медиуми.

Имено, водителката има четири деца, па луѓето мислат дека поради нив не треба да објавува ваква содржина.

„Имам повеќе години зад себе отколку пред мене“, вели Улрика.

Бев апсолутно посветена на децата и ќе продолжам да бидам таква, кога и да им треба. Во меѓувреме се свртев кон себе.“

Сепак, овој пат Улрика ги изненади сите кога призна дека оди само на љубовни состаноци со двојно помлади момци.

- Важно е само колку е ментално зрел човекот. Излегував со мажи кои се на моја возраст и ќе ви кажам нешто, тие се многу досадни – рекла таа.

Улрика се развела од третиот сопруг во 2019 година, а како што вели е прилично монотона и сака да ужива во животот.

- Ми треба маж кој е полн со енергија, а такви се само оние кои имаат, на пример, 26 години. Не ми треба некој да биде татко на моите деца. Време е да уживам и да бидам среќна – изјави водителката и додаде:

- Уморна сум да зборувам кој ќе ги мие валканите садови. Сакам патување, сакам врска која ќе трае се додека таа е предодредена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk