logo
logo
logo

10 работи што сите мажи мразат да ги слушнат, дури и од жената што многу ја сакаат

Vecer | 21.09.2021

10 работи што сите мажи мразат да ги слушнат, дури и од жената што многу ја сакаат

И додека жените користат некои реченици секојдневно, тие можат да бидат знак за узбуна за мажите, бидејќи понекогаш можат да станат вовед во расправија или нивно прозивање дека направиле нешто погрешно.

1. „Мора да разговараме“

Мажите гледаат на оваа фраза како навестување на сите можни проблеми. Дури и ако сака таа да зборува за земање на куче или за патување, самиот тон на таа реченица им кажува дека нешто не е во ред и тие се чувствуваат виновно уште на сам почеток. Мажите претпочитаат жените веднаш да дојдат до поентата, наместо да користат драматични воведи.

2. Постојано споменување на некој маж

Признавале или не, повеќето мажи се љубоморни, особено кога станува збор за жената што ја сакаат. Ако постојано го слушаат истото машко име од нејзината уста, без разлика дали станува збор за колега, келнер, сосед или пријател, тие повеќе не се концентрираат на приказната, туку размислуваат - зошто постојано го споменувате, дали толку многу и значи?

3. Муабетење со пријателките за тоа каков е во кревет

Жените, како и мажите, разговараат со своите пријателки за секс. Но, додека припадниците на посилниот пол зборуваат за општо или се фалат со своето либидо и вештини, жените ќе зборуваат за конкретни ситуации, ќе споредуваат или ќе бараат совет. Ниту еден маж не сака да слуша како неговите сексуални вештини се дискутираат, се анализираат или се користат за смеење- освен ако, се разбира, не станува збор за пофалба.

4. Претерано генерализирање

Една од работите што мажите не можат да ја поднесат е генерализирачкиот став со кој жените знаат како да започнат разговор. Тие веќе не можат и не сакаат да се концентрираат на она што им се кажува, бидејќи сметаат дека со самиот вовед таа донела пресуда дека „тој постојано прави нешто погрешно“.

5. „Не ме сакаш“

Иако сите мажи имаат слични желби и потреби, мажите се тие што ги изразуваат своите чувства со дела, а не со зборови. Ако партнерката користи ваква фраза со додаток „ако ме сакаше, тогаш не би го направил тоа“, тоа значи дека таа едноставно не знае што да каже, или не е толку добра во расправија. Мажите попрво би сакале партнерката да им каже што точно сака, наместо да ги преиспитува неговите чувства.

6. Приговарање за дружби со другари

Машките пријателства се навидум многу едноставна работа, но за жените овие врски честопати се комплицирани. Тие честопати ги избираат за пријателки оние со кои споделуваат слични мисли и ставови, додека мажите нема да навлегуваат во длабочина или да го осудуваат она што го прави нивниот пријател - за нив е важно да имаат заеднички активности и да бидат третирани коректно. Ваквите приговори од партнерот ги доживуваат како закана за пријателството, односно обиди за забрана на дружење.

7. Испитување за бивши

Иако често тврдат дека тоа не е така, мажите понекогаш ги познаваат жените подобро отколку што самите се знаат. Сеќавањето на бившите не им звучи како добра идеја, бидејќи зборувањето за нив може да биде тригер за љубомора, споредби или памтење на некои детали кои што подоцна може да ги користи во кавги.

8. Несогласувања помеѓу партнерката и мајката

Мажите генерално не сакаат конфликтни ситуации и им е тешко да се справат со комплицирани женски врски, особено кога станува збор за оние меѓу нивните избранички и нивната мајка. Работата е во тоа што тие знаат дека доколку се вклучат, дефинитивно ќе ја обвинат едната страна. Тие повеќе би сакале да зборуваат за решавање на ситуацијата, отколку да слушаат бескрајни прераскажувања за сторените „злодела“ на која било страна.

9. „Не ми посветуваш доволно внимание“

Оваа фраза им звучи како флоскула на мажите и најчесто се поврзува со женски тактики да престанат да го прават она што го прават во моментов и да и удоволат. Ако е вистина дека не посветува доволно внимание на својата партнерка, тоа повеќе ќе го разбере со нејзините конкретни дела - на пример, ако излезе на кафе на кое тој не сака да оди, туку да остане со него и да му приговара дека не отишол.

10. Постојано споменување проблеми од минатото

Освен ако навистина не се работи за последен разговор и заклучок, дури и ако се работи за раскинување, мажите не можат да поднесат осврнување на проблемите на драматичен начин - тие го гледаат како мрчење но без вистинска поента и намера на кое се навикнуваат. Не се работи ниту за разговорот за проблеми, туку за филозофските заклучоци и размислувања што се повторуваат и не водат никаде.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk