logo
logo
logo

КАТАСТРОФАЛНИ грешки што ги прават совозачите!

Vecer | 15.02.2021

КАТАСТРОФАЛНИ грешки што ги прават совозачите!

Секој возач за време на својата возачка кариера се соочува со ситуација во која совозачот почнал опасно да му шета по нервите. Овие работи слободно може да се наречат најиритантни кои ги прават совозачите:

 

Иако луѓето во автомобилот се чувствуваат како дома, тоа не значи и дека треба да се претера и нозете да се развлечат под шофершајбната, со изговор дека е важна циркулацијата. Оти со оваа сцена може да се изиритира и сетилото за мирис, а не само она за вид.

Отворање прозорец и играње со климата

Вадењето раце низ прозорецот или чепкањето на вентилацијата или климата можат да бидат прилично иритантни.

Играње со телефонот

Една од особено иритантните работи е покажувањето вести, фотографии, видеа на телефонот за време на возењето и „пикање“ на истиот под носот на возачот. Ова ги доведува во опасност сите во автомобилот!

Трескање на вратите

Трескањето на вратите при затворањето умее да биде исклучително иритантно, особено ако се работи за нов автомобил. Возачите својот автомобил го доживуваат како дел од себе, имајте го ова на ум.

Оставање ѓубре зад себе

Последното место е резервирано за оние кои со чевлите внесуваат кал или оставаат вистинска депонија откако изеле и испиле се што им дошло под рака.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk