logo
logo
logo

Фотографии од голи мажи на Саемот на книгата во Загреб го шокираа регионот

Vecer | 17.11.2025

Фотографии од голи мажи на Саемот на книгата во Загреб го шокираа регионот

Саемот на книгата во Загреб предизвика лавина од реакции кај корисниците на социјалните мрежи низ целиот регион. Поточно, потегот на издавачката куќа „Инамората“, која излезе со необична реклама за својот штанд.

Фотографии од згодни голи мажи на штандот на гореспоменатата издавачка куќа ги преплавија социјалните мрежи со коментари на восхит и неверица од начинот на кој е направена рекламата. Набрзо се покажа дека станува збор за – вештачка интелигенција.

Ова беше потврдено на официјалната веб-страница на издавачката куќа „Инамората“.

„Кога ќе добиете повик од новинар поради овие слики, знаете дека имате добар дизајнер + многу коментари кои очигледно се разгореа во јавноста, но...

Мораме да ве разочараме... Сето тоа е само монтажа“, напишаа тие покрај фотографиите со голи мажи, кои, сепак, беа генерирани од вештачка интелигенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk