logo
logo
logo

ИЗГЛАСАНО ТРАЈНО ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО - САД поблиску до укинување на поместувањето на часовникот

Vecer | 22.05.2026

ИЗГЛАСАНО ТРАЈНО ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО - САД поблиску до укинување на поместувањето на часовникот

Летното сметање на времето би можело да остане во сила во текот на целата година во САД, според предлог-законот изгласан во Претставничкиот дом. Со ова се оживува идејата која Американците, уморни од двократното менување на саатот во годината, долго време ја поддржуваат.

Комитетот за енергетика и трговија гласаше со убедливи 48 гласа „за“ и само еден „против“ за таканаречениот „Закон за заштита на сонцето“. Поддржувачите посочуваат дека поместувањето на времето предизвикува нарушување на спиењето, зголемен број повреди на работа и сообраќајни несреќи, додека посветлите вечери ќе ја поттикнат економијата во зима. И претседателот Доналд Трамп го пофали гласањето, порачувајќи дека е време да запре оваа „смешна продукција двапати годишно“.

Законот сега треба да помине на гласање пред целиот Претставнички дом, а потоа и во Сенатот. Мерката се соочува со отпор од одредени политичари, како републиканецот Том Котон, кој предупредува дека трајното летно време ќе донесе премногу доцно изгревање на сонцето во зима, па децата ќе одат на училиште во мрак. Како компромис, предлогот предвидува сојузните држави самите да одлучуваат кое сметање на времето ќе го применат.

САД веќе еднаш имаат воведено вакво трајно летно сметање во 1974 година за да заштедат енергија, но тогаш потегот наиде на огромен револт кај народот и беше укинат истата година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk