logo
logo
logo

МИСТЕРИЈАТА НА ИЗГУБЕНОТО ЗЛАТО ВО БАНЕВИЦА: Кој оставил 40.000 евра на јавен тревник?

Vecer | 26.04.2026

МИСТЕРИЈАТА НА ИЗГУБЕНОТО ЗЛАТО ВО БАНЕВИЦА: Кој оставил 40.000 евра на јавен тревник?

Една сосема вообичаена работна задача за одржување на јавното зеленило во германското гратче Баневица се претвори во вистинска потрага по сопственикот на изгубено богатство.

Општински работник пронашол 10 златни прачки вредни десетици илјади евра додека косел јавен тревник во источногерманскиот град Баневица во октомври, пишува Германската новинска агенција (dpa), а пренесува fenix-magazin.de.

Тој го пријавил златото кај локалните власти, кои службено го прогласиле за изгубен предмет и го замолиле сопственикот да се јави. Многу луѓе се јавиле преку телефон, писма или е-пошта, но никој не можел веродостојно да го докаже сопственоста над златото, изјавил градоначалникот Хаико Версиг.

Градската власт барала овие лица да го докажат сопствеништвото со сметка за купување на златото, сериските броеви на полугите или со некој друг веродостоен доказ.

Бидејќи никој не успеал да го стори тоа, а на 17 април поминале шест месеци од објавата, златото стана сопственост на градот.

Се очекува градскиот совет следната недела да одлучи што ќе прави со златото, рече Версиг. Планот е засега овој неочекуван прилив на средства да им се додели на организации кои работат со млади и на зачувување на традиционалните обичаи.

Дотогаш, златото го чува полицијата. Според моменталните цени, прачкит вредат околу 40.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk