logo
logo
logo

Научниците го создадоа најголемиот медалјон од пилешко одгледуван во лабораторија во светот

Vecer | 19.04.2025

Научниците го создадоа најголемиот медалјон од пилешко одгледуван во лабораторија во светот

ТОКИО – Научниците во Јапонија одгледаа парче пилешко месо со големина на медалјон, користејќи нов метод кој овозможува доставување на хранливи материи и кислород до вештачките ткива, што е голем чекор напред во развојот на месо одгледано во лабораторија.

Претходните лабораториски методи произведуваа само мали ќелии со дебелина помала од еден милиметар, но тим истражувачи успеаја да одгледуваат квадратно парче пилешко месо широко седум сантиметри и дебело два сантиметри, тешко околу десет грама, се вели во извештајот во списанието Trends in Biotechnology, пренесува NBC News.

Тоа парче месо ја доби својата структура благодарение на специјалниот биореактор кој користи 50 шупливи влакна како вештачки вени, овозможувајќи му на ткивото да се снабдува со хранливи материи и кислород на подолго растојание, насочувајќи ги клетките да растат во посакуваните правци.

Иако овој култивиран медалјон не е направен од материјали погодни за човечка исхрана и никој не го пробал, истражувачите истакнуваат дека новата технологија може да претставува значаен чекор кон масовното производство на лабораториско месо.

Се очекува дека овој метод може да придонесе и за напредок во регенеративната медицина, тестирање на лекови и развој на биолошко-хибридни роботи.

Универзитетски професор во Токио и коавтор на студијата, Шоџи Такеучи, рече дека шупливите влакна претходно се користеле во домашните филтри за вода и машините за дијализа, а сега тие покажале потенцијал за создавање вештачко ткиво.

Во Соединетите Американски Држави, според студијата од 2024 година на Универзитетот Пердју, потрошувачите имаат поделени мислења за одгледуваното месо: третина одбиваат да пробаат култивирано пилешко месо.

Лабораториското месо во моментов може легално да се продава само во Сингапур, САД и Израел.

Во САД, само две компании од Калифорнија добија дозволи за продажба, додека Флорида и Алабама ја забранија продажбата на такви производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk