logo
logo
logo

ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА ГО КОРИСТАТ МОЗОКОТ Ужасната опасност што ја носи вештачката интелигенција во училиштата

Vecer | 31.05.2026

ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА ГО КОРИСТАТ МОЗОКОТ Ужасната опасност што ја носи вештачката интелигенција во училиштата

Децата кои користат системи на вештачка интелигенција како „ChatGPT“ ќе престанат да размислуваат и ќе бидат склони да поверуваат дека 2 пати 2 е еднакво на 5, предупреди академикот и претседател на Научниот совет за методологија на вештачка интелигенција и когнитивни истражувања на Руската академија на науките, Владислав Лекторски.

„Таква опасност навистина постои. И мислам да веќе се забележува кај децата во училишна возраст. Тоа е поврзано со образовниот систем, каде што учениците прибегнуваат кон системи на вештачка интелигенција како ChatGPT и други платформи за да најдат одговори на секакви прашања. И така ја губат способноста за размислување“, одговори Владислав Лекторски од Руската академија на науките. Тој го изјави ова на прашањето на агенцијата РИА Новости за тоа дали широката употреба на вештачката интелигенција ќе доведе до тоа луѓето сè помалку да го „користат мозокот“.

Според неговите зборови, предизвикот со кој се соочува образованието денес не е само да ги „вооружи“ учениците со знаење, туку да ја развие нивната способност за критичко и самостојно размислување. „Некој што работи во областа на образованието неодамна рече: ако студентот е навикнат да ѝ верува на вештачката интелигенција, тогаш ако ВИ му каже дека 2 пати 2 е еднакво на 5, тој ќе поверува во тоа и ќе мисли дека е вистина. Тоа е ужасна работа, тоа апсолутно не смее да се дозволи“, нагласи рускиот академик.

Поради тоа, додаде Лекторски, потребно е да се повлече граница помеѓу тоа каде можностите на вештачката интелигенција би можеле и би требало да се користат, а каде тоа е апсолутно недозволиво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk