Како може да изгледа секојдневниот живот на Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, може да се види во видео од Мајами. Реакцијата на членовите на Тајната служба, која се грижи за безбедноста на наследничката на Трамп, привлече внимание и на Инстаграм, а вака се коментира.
Иванка Трамп била на церемонија организирана како дел од натпреварувањето за Големата награда на Мајами. Таа се враќала дома со својот сопруг, Џаред Кушнер, кога им се приближил непознат маж.
Агентот на Тајната служба му рекол нешто на човекот, веројатно, наредувајќи му да се оддалечи од добро познатата двојка, а откако човекот се спротивставил, бил турнат на земја. Кога Иванка Трамп и Џаред Кушнер го видоа тоа, видливо вознемирени, се упатија кон блиндираното возило.
„Беше исплашена, бидејќи кога ќе ѝ падне влакно од главата, како да е крај на светот“, „Обезбедувањето си ја врши работата“, „Па, навистина беше потресена, повеќе се грижи за потпетицата, обезбедувањето не мораше да го турка човекот вака како да е гомно на патот, не е ни чудо што човекот се побуни“, „Навикната е на тоа“, ги издвојуваме коментарите од Инстаграм каде е прикажано видеото.
Некои додаваат дека реакцијата на обезбедувањето била брутална, но дека „таква е работата“. Дали проценката на ризикот навистина бараше таков потег? Има и такви кои дури забележуваат дека „тој се справил добро со оглед на тоа како се однесувал по предупредувањето“.
Иванка Трамп беше меѓу најзначајните гости на настанот во Мајами. Видеото по таа гала церемонија сè уште се коментира, а како го оценувате?
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата