logo
logo
logo

IN MEMORIAM: Почина професор Денко Скаловски

Vecer | 08.07.2026

IN MEMORIAM: Почина професор Денко Скаловски

Почина д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија, информираат од Филозофскиот факултет во Скопје.

Д-р Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Прво студирал театарска режија во Белград, а потоа филозофија на Филозофскиот факултет во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година. Магистрирал во 1992 година со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а докторирал во 2000 година со дисертацијата „Антиподи на современата филозофија на музиката“.

Во академската кариера бил избран за доцент во 2000 година, а за редовен професор во 2010 година. Во 2010 и 2015 година престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, под супервизија на проф. Аксел Хонет.

Неговите научни и истражувачки интереси опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, филозофија на уметноста (естетика), историја на родот и полот и социологија на спортот.

Телото ќе биде изложено на 09.07 во капелата во Ѓорче Петров од 12:00 до 13:00 часот, а погребот ќе се одржи во 13:00 часот.

-Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите што имаа чест да соработуваат со него. Нека почива во мир, велат од факултетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk