logo
logo
logo

Вечера од САМО три состојки

Vecer | 11.02.2021

Вечера од САМО три состојки

Гладни сте, а не ви се излегува до продавница. Брзинска вечера од само неколку состојки кои сигурно ги имате дома.

Потребни состојки:

  • 4-6 јајца
  • 1 кромид или 1/2 праз
  • 200 г морков
  • 150 мл вода

Начин на приготвување: Јајцата измешајте ги со водата, посолете и добро изматете. Морковот изрендајте го и додадете го во јајцата и измешајте. Додадете го и кромидот или празот. Намрсете тава, па истурете ја смесата. Во подлабока тава сипете вода, па одозгора ставете ја тепсијата и поклопете. Гответе после вриењето на водата уште 20 минути. Пред крај тргнете го капакот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk