Омилена торта од стара Југославија, која е многу лесна за подготовка.
<b>Состојки за кора</b>:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 супени лажици ореви
1 лажица брашно
Состојки за филот:
250 гр путер
6 жолчки
12 лажици шеќер во прав
150 гр мелен бисквит
100 ореви
150 мл овошен сок
По 50 гр бело и темно чоколадо
За украсување на тортата:
300 гр шеќер
2 чаши вода
<b>Подготовка:</b>
Кора: Одвојте ги жолчките од белките, па добро изматете и постепено додавајте шеќер и матете, па додајте ги жолчките и оревите. Се меша со шпатула, па се додава брашното, се меша и се пече на 180 степени.
Фил: Се матат путерот и шеќерот во прав, па се додаваат жолчките, бисквитите, оревите, чоколадото и сокот.
Покријте ја кората со филот и ставете ја во фрижидер, а во меѓувреме подгответе го последниот дел од колачот.
Завршен дел: Во тенџере истурете шеќер и ставете го на шпорет да се растопи, а потоа додадете вода и варете додека не се згусне.
Изматете ја белката и додадете го сирупот, па измешајте. Премачкајте го колачот и обликувајте.