logo
logo
logo

ТЕСТО ЗА ПИЦА: Потребни ви се САМО 2 СОСТОЈКИ

Vecer | 29.12.2022

ТЕСТО ЗА ПИЦА: Потребни ви се САМО 2 СОСТОЈКИ

За ова тесто за пица, кое мора да го пробате, ви се потребни само две состојки - овесно брашно и сладок компир. Ова тесто е толку здраво што всушност можете да го јадете секој ден во неделата.

Постапката за подготовка е едноставна и бара само неколку чекори.

За почеток, сварете ги слатките компири, направете неколку дупки во кората со виљушка и ставете ги на чинија. Завиткајте ги компирите во фолија и печете ги 30 до 40 минути на 270 степени.

Оставете ги компирите малку да се изладат, а потоа излупете ги и измерете две чаши пире од компири. Додадете го ова во садот заедно со овесното брашно и зачините по желба. Добро измешајте додека не се добие форма на топка.

Поделете го тестото на две топчиња и ставете ги во тава. Намрсете ги рацете и обликувајте ги топчињата во кори за пица, дебели околу половина сантиметар. Тестото се пече 15 минути на 270 степени, па се вади од рерна, се додава преливот и се пече уште 15 минути.

Подготвената пица можете да ја чувате во фрижидер до три дена.

За овој рецепт можете да користите какво било брашно, а во зависност од тоа каков вид користите, додадете малку повеќе или помалку брашно.

Доколку сте љубители на класични пици, користете мешавина од италијански зачини, а доколку сакате сладок вкус додадете малку цимет. Можете да користите и секаков вид на компир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk