logo
logo
logo

Супа од лук - Одлична во борбата против вирусите и бактериите

Vecer | 06.11.2021

Супа од лук - Одлична во борбата против вирусите и бактериите

Станува збор за супа од 52 чешниња лук која помага во заштитата од вируси и бактерии и го зајакнува имунитетот. Не го нарекуваат лукот природен антибиотик без причина.

Состојки:

26 чешниња лук (неизлупени)

26 чешниња лук (излупени)

2 лажици маслиново масло

2 лажици путер

1/2 лажичка кајен пипер во прав

1/2 филџан свеж ѓумбир

2 и 1/4 шоља сецкан кромид

1 и 1/2 лажички свежо сечкана мајчина душица

1/2 шолја кокосово млеко

3 и 1/2 чаши органска супа од зеленчук

4 парчиња лимон

морска сол

бибер

Подготовка:

Додека подготвувате се, вклучете ја рерната да се загрее на 170 степени. Потоа во стаклен сад за печење наредете 26 неизлупени чешниња лук. Додадете две лажици маслиново масло и сол. Покријте го со фолија и печете додека лукот не добие златно-кафеава боја и омекне - околу 45 минути. После тоа, оставете го малку да се излади, па секое чешне притиснете го со врвовите на прстите за да излезе од лушпата.

Во тенџере, на средна температура, растопете го путерот, а потоа додадете го кромидот, мајчината душица, ѓумбирот и кајенскиот пипер и динстајте околу шест минути додека кромидот не стане проѕирен.

Во него додадете го печениот лук и 26 чешниња сиров лук. Варете уште три минути. Потоа додадете ја супата од зеленчук, ставете го капакот и динстајте додека лукот не омекне, околу 20 минути.

Потоа измешајте сè во блендер додека смесата не се изедначи и истурете во тенџере. Додадете кокосово млеко, додадете уште малку сол и бибер и кратко варете. Пред јадење, додадете сок од лимон во чинијата (околу четвртина сок од лимон оди во чинијата).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk