Идеја за одличен ручек во овие посни денови.

Состојки:

1 праз
1 кромид
3-4 модри патлиџани
100 гр ориз
маслиново масло
50 гр суво грозје
200 мл вода
сол и бибер
6 лажици доматно пире

Подготовка:

Исечете го модриот патлиџан на половина, извадете ја средината, намастете со масло и ставете го во рерна на 200 степени за 20 минути. Издинстајте ги кромидот и празот, додадете исечено месо од модар патлиџан, оставете го да врие 15 минути. Ставете суво грозје, ориз, сол, бибер и истурете вода. Гответе 20 минути.

Извадете го модриот патлиџан од рерна, наполнете го со фил, ставете го преку пирето и печете го во рерна 20 минути – 200 С.