logo
logo
logo

ШПАНСКИ ОМЛЕТ: Неверојатна комбинација од вкусови

Vecer | 13.02.2022

ШПАНСКИ ОМЛЕТ: Неверојатна комбинација од вкусови

Потребни состојки:

- 6 поголеми јајца

- 1 четвртина шолја вода

- 1 чаша конзервиран пржен грав

- 1 четвртина шолја сечкан црвен кромид

- 1 половина шолја рендан кашкавал

- 1 четвртина чаша салса

Начин на приготвување: Нелеплива тава загрејте ја со масло на умерена температура. Изматете ги јајцата и водата. Потоа, половина од смесата додадете ја во тавата. Смесата би требало веднаш да се стегне по рабовите.

Кога јајцата ќе се стврднат, турнете ги испржените рабови кон центарот, оставајќи ја незготвената смеса да тече одоздола. Кога јајцата ќе се стегнат, од едната страна ставете половина од гравот и половина од кромидот и посипете ги со 2 лажици кашкавал. Преклопете ја другата страна над филот.

Ставете го омлетот на чинија и украсете со салса и преостанатиот кашкавал. Ако сте љубител на крцкава сланина, можете да додадете по вкус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk