logo
logo
logo

Салата со макарони, се прави за 5 минути!

Vecer | 07.11.2022

Салата со макарони, се прави за 5 минути!

Се приготвува многу брзо, а добрата работа е што можете да ја послужите веднаш.

Потребни состојки:

  • 200 г макарони
  • 250 г шунка
  • 120 г слатка пченка
  • 120 г варен грашок
  • 100 г маслинки
  • 3 лажици мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • сол
  • маслиново масло

Начин на приготвување: Макароните сварете ги во солена вода, во која сте додала и малку маслиново масло за да не се залепат. Кога ќе се сварата, процедете ги и оставете ги да се изладат. Во сварените макарони (можете да користите тестенини по желба) додадете варена пченка, варен грашок, шунка исечкана на ситни парчиња и маслинки. Помешајте мајонез со сенф, добро измешајте и додајте ја смесата во салатата. На крајот се убаво измешајте и салатата е спремна за послужување.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk