logo
logo
logo

Сахер торта со чоколадо, кајсија и шлаг од Витаминка

Vecer | 18.09.2021

Сахер торта со чоколадо, кајсија и шлаг од Витаминка

Почувствувајте го духот на виенските слаткарници и разгалете го непцето со најпознатата чоколадна торта. Бидејќи скоро сите состојки се во кората, нема готвење на филот, ќе го направите без проблеми, а вкусот ќе ве воодушеви!

Состојки:

6 јајца

150 гр шеќер

200 гр мелени ореви

150 гр путер

150 гр Атлантис еспресо чоколадни школки или Твистер чоколаден прелив од Витаминка

3 лажици брашно

лажичка цимет од Витаминка 

сол, на врвот на ножот

За прелив:

Мармалад од касија од Витаминка

200 гр Атлантис еспресо школки или Твистер прелив

Шлаг пена од Витаминка

Подготовка:

Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките со малку сол и ставете ги во фрижидер. Потоа, изматете ги жолчките со шеќерот за да се растопи шеќерот, додадете го изматениот путер, мелените ореви измешани со брашно и на крај стопени Атлантис еспресо школки.

Додадете белки од јајца во компактната изматена смеса, нежно мешајќи ги со рака со лажица.

Печете го тестото во загреана рерна на 180 степени околу половина час. Користете чепкалка за заби за да проверите дали е печено тестото, но не треба да се грижите дали останала трага на неа бидејќи масата содржи путер, така што ова е нормално.

Печениот колач оставете го малку да се излади, па потоа богато премачкајте со мармалад од кајсии од Витаминка.

Кога тортата ќе се излади целосно, направете чоколадна глазура и прелијте ја со стопени Атлантис еспресо школки или Твистер чоколадниот прелив од Витаминка. Нека отстои во фрижидер.

Изматете шлаг пена од Витаминка.

Шлаг пената и кремовите користете ги за декорација на торта, овошна салата и сѐ што може да ја разбуди вашата фантазија. Со малку вештина до максимално уживање и прекрасен изглед на вашиот специјалитет.

Послужете со шлаг од Витаминка како декорација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk