Ако сакате да експериментирате со вкусовите, задолжително подгответе го овој летен напиток.

Потребни состојки:
– 10 лимона
– 200 грама шеќер
– 200 грама малини
– 1,5 литар вода

Начин на приготвување: Исцедете ги лимоните, а потоа внимателно обидете се да ја изрендате кората. Потоа, во садот во кој ги складиравте сокот и ренданата лушпа, додадете го и шеќерот, а потоа и малините и зовриена вода. Убаво измешајте ги состојките, а потоа оставете водата комплетно да се излади.
На крај процедете го сокот и складирајте го во шише.

За дополнително уживање во овој летен вкус, на розовата лимонада можете да ѝ додадете и исечкани парчиња лимон, малини и многу мраз. Вака подготвената чаша ќе биде декоративна и вкусна, а истовремено и освежителна.