logo
logo
logo

ПОСНИ БАЈАДЕРИ! Колачи без кои не може да се замисли посна слава

Vecer | 17.12.2022

ПОСНИ БАЈАДЕРИ! Колачи без кои не може да се замисли посна слава

Сезоната на слави е во тек, а ви препорачуваме да направите посни бајадери. Секоја искусна домаќинка знае дека без овие колачи празничната трпеза нема значење

Состојки:

400 г шеќер

150 г мелени ореви

150 г мелен посен бисквит

125 г растителен маргарин

три лажици какао во прав

За глазурата:

100 г темно чоколадо

три лажици масло

Подготовка:

Во длабока тава ставете го шеќерот и покријте го со вода. Оставете да се вари околу пет минути додека да се растопи, а потоа додадете ги мелените ореви и бисквитите.

Мешајте додека не се соединат сите состојки, па тргнете го од шпорет. Во смесата додадете го маргаринот и сè убаво измешајте. Поделете ја масата на два дела, па на еден додадете какао. Најпрво истурете ја темната смеса во тавата, а потоа прелијте ја со светлата смеса и измазнете ја.

Во тенџере се ставаат чоколадото и маслото, да се топи на пареа. Прелијте ја бајадерата и оставете во фрижидер да се излади.  Бајадерата  се сечи на штангли или коцки, па послужете.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk