logo
logo
logo

Посна торта со пиво

Vecer | 16.04.2021

Посна торта со пиво

Потребни состојки:

– 1/2 л пиво,

– 1/2кг шеќер,

– 1/2кг брашно,

– лажиче сода бикарбона,

– сок од еден лимон,

За фил:

– 250 г млени ореви,

– 400 г шеќер,

– малку вода

Начин на приготвување: Брашното се меша со сода бикарбона, се додаваат шеќерот и пивото, добро се мешаат додека масата не се соедини. Се додава сок од лимон кој го  мешате со смесата. Добиената смеса ја делите на два дела, од која се печат две кори. Се печат околу 25 минути на 200 степени.

За филот, зовријте го шеќерот со малку вода, потоа додадете ги мелените оревите. Кога филот ќе се олади, премачкајате ги корите (кора, фил, кора). Оставете фил доволно да се премачка преку целата торта. Кога тортата е готова, посипете ја мелени ореви, а по желба со шеќер во прав.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk