Паштетата од печурки е лесна за приготвување, а вие ќе бидете наградени со експлозија на автентични вкусови кои ги нема во купечките паштети.
Ова јадење е фантастичен предлог за мезе доколку наеднаш ви дојде друштвото. Намачкајте парчиња багет или крекери и ќе добиете совршена закуска.
Потребни состојки:
- 400 г шампињони
- 2 чешниња лук
- 100 г ореви
- 50 г посен мајонез
- 1 лажица маслиново масло
- 1 главица кромид
- китка свеж магнодос
- сок од половина лимон
- малку свеж власец
- сол и бибер
Начин на приготвување: Кромидот ситно се сечка, па се пржи на маслиново масло. Потоа додадете го издробениот лук и сечканите печурки. Кога водата од печурките ќе зоврие, тргнете од огнот и оставете да се излади. Во сува тава испечете ги оревите. Во блендер ставете ги печурките заедно со кромид, ореви, магдонос, сол, бибер, власец, сок од лимон и посен мајонез. Се иситнете и се оставете да се излади во фрижидер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата