logo
logo
logo

Полн со протеини

Полжавите се ПОСНА или МРСНА храна? Ги јаделе уште пред 30.000 години и се НАЈСИЛЕН АФРОДИЗИЈАК

Vecer | 15.04.2023

Полжавите се ПОСНА или МРСНА храна? Ги јаделе уште пред 30.000 години и се НАЈСИЛЕН АФРОДИЗИЈАК

Полжавите се ПОСНА или МРСНА храна? Ги јаделе уште пред 30.000 години и се НАЈСИЛЕН АФРОДИЗИЈАК

Последните денови од секој пост, особено Велигденскиот, некому се најлесни, некому најтешки.

По дилемата објавена на социјалните мрежи за тоа - дали полжавите се посно или масно јадење, ние се потрудивме да најдеме одговор, кој секако дека ќе ве направи среќни.

Откриени се археолошки докази дека полжавите се јаделе уште во палеолитот. Трагите датираат од медитеранската област и се знае дека биле специјалитет на античките Грци и Римјани.

Полжавите биле класифицирани како посна храна. Денеска важат за француски специјалитет, но подеднакво се застапени на шпанската трпеза. Парадоксот е што во времето на Наполеон полжавите не биле на менито во ниту еден ресторан.

Познатиот готвач од тоа време Карем решил да подготви полжави за празнична вечера во чест на императорот Александар. Ги подготвил во путер со лук и магдонос. Путерот има животинско потекло, од млеко.

Но, секако дека можете да ги подготвите во посна верзија, со растително масло или маргарин.

Овој начин на подготовка се користи и денес, а за вкусот проценете сами.

На загреана тава со масло, спржете ги полжавите максимум 2 минути, додадете сол, бибер и магнос и тоа е тоа.

Можете и да ги проварите и потоа да ги сервирате со зачини по желба.

Нема голема филозофија.

Едно е сигурно, оброкот е полн со протеини, а докажано влијае и на потенцијата.

Фото: Шутер

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk