logo
logo
logo

Пица од тавче - ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ!

Vecer | 03.10.2023

Пица од тавче - ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ!

Пицата им е омилено јадење на многу луѓе и неспорно е дека правилните и традиционални начини за нејзино подготвување се совршени, но понекогаш ви треба брз рецепт, чиј вкус ќе му парира на оригиналот. Пицата од тавче може да ги налути Италијанците, но сигурно ќе биде спас за оние кои брзаат. Значи, еве еден рецепт кој ќе ви овозможи одличен ручек за кратко време.

- 150 г брашно - 150 г кисело млеко (може и павлака) - сол - 1/2 лажичка прашок за печиво - зејтин - домат (пелат) може и кечап - оригано - шунка (или салама по желба) - кашкавал Начин на приготвување: Во сад измешајте ги брашното и прашокот за печиво, па додајте масло, сол и кисело млеко. Месете го тестото додека не се изедначи, а по потреба додадете малку брашно. Расукајте го тестото во кружна форма, дебело околу еден сантиметар. Загрејте го маслото во тава на средна температура и додадете го тестото. Печете околу пет минути. Земете чинија и премачкајте ја едната страна со масло и со нејзина помош свртете ја чинијата на другата страна. Веќе испечената страна премачкајте ја со доматна паста или кечап, а одозгора почнете да ставате салама и кашкавал. Посипете малку оригано, покријте и оставете да се пече уште пет до шест минути. Пријатно!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk