Еден од најбрзите колачи, буквално готов за 15 минути. Колачот се вклопува во калап од 24 цм, и во 26 цм, но ќе биде малку пониска.

Еве го рецептот за најлесната јафа торта на светот:

Состојки:

400 мл млеко

150 гр маргарин

3 лажици шеќер

200 гр чоколадо

4 лажици џем од кајсии

300 гр Јафа бисквити

600 гр било кој сув бисквит во парче

Подготовка:

Измешајте млеко и шеќер, па додајте скршена чоколада и сечканиот маргарин.

Ставете го на оган да се растопи малку и потоа да зоврие. Оставете да зоврие една минута, па тргнете го од оган да се излади.

Додека чекате смесата да зоврие на шпоретот, сувиот бисквит и јафа бисквиотот искршатеги а мали парчиња и јафа бисквитот исечетего на мали парчиња.

Во поголем сад ставете ги двата вида бисквити, а потоа додадете го џемот од кајсии и сè покријте со изладената течна чоколадна смеса.

Мешајте со блендер за смесата да се изедначи.

Ставете го калапот на плехот, а потоа истресете ја целата смеса и добро протресете ја за да нема меурчиња воздух.

Чувајте малку во фрижидер, а потоа извадете ја од калапот и украсете ја тортата по желба.