logo
logo
logo

ОБРОК САЛАТА - идеален пролетен ручек!

Vecer | 13.05.2022

ОБРОК САЛАТА - идеален пролетен ручек!

Убавото време се рефлектира и во нашата исхрана, па повеќето луѓе избираат лесна храна која вклучува многу свежо овошје и зеленчук. Оваа салата е вистинско освежување, можете да ја комбинирате со месо, но не мора, бидејќи сигурно ќе ве засити.

Се што треба да направите е да го исечкате зеленчукот, да направите вкусен прелив и да уживате во феноменалниот вкус и здравите состојки.

 

avokado

Потребни состојки:

  • 450 г домати
  • 1 краставица
  • 1/2 црвен кромид
  • 2 авокада
  • 2 лажици маслиново масло
  • лажица сенф
  • сок од половина лимон
  • 1/2 китка коријандер

Biljka, Korijander

Начин на приготвување: Исечете ги краставицата, доматот, кромидот, авокадото и коријандерот. Ставете сè во подлабок сад. Измешајте маслиново масло, сенф, сок од лимон и зачинете со сол и бибер. Прелијте го сечканиот зеленчук и убаво измешајте.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk