logo
logo
logo

ВИДЕО

Новогодишна ПИЦА - ЕЛКА!

Vecer | 27.12.2021

Новогодишна ПИЦА - ЕЛКА!

Погаките во форма на новогодишна елка се омилена зимска закуска за многумина, бидејќи изгледаат многу украсно, во склад со празничната магија, а всушност се подготвуваат толку едноставно! Потребни ви се само неколку состојки и малку креативност, а нема сомнеж дека ваквата елка ќе ги воодушеви и најмладите и оние постарите!

Потребни состојки:

- половина килограм тесто за пица

- кашкавал / моцарела / трапист / гауда ...

- 1 јајце + една лажица вода

- 50 г рендан пармезан

- 60 г стопен путер

- 1 лажица сечкан магдонос и рузмарин

Начин на приготвување: Загрејте ја рерната на 220 степени. Обложете го плехот со хартија за печење. Кашкавалот исечкајте го на ситни парчиња. Расукајте го тестото за пица и поделете го на два дела. Секое парче исечете го на квадрати, па во секој квадрат тесто ставете по едно парче кашкавал. Формирајте топчиња. Наредете на плех во форма на елка, така што топчињата да се допираат. Премачкајте ги со јајце и печете ги околу 20 минути или додека не поруменат. Кога ќе се испечат топчињата премачкајте ги со растопен путер, пармезан и зачини. Послужете топло со малку сос.

Вака изгледа:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk