Мафините може да се направат на илјада начини, можете дури и да измислите рецепт, сигурно нема да згрешите. Каква состојка и да додадете, се вклопува, токму затоа ги сакаат и оние кои ги прават и оние кои ги јадат.

Од солени и слатки, едноставно е невозможно да се одлучите кои се повкусни, а дали знаевте дека можете да направите совршени мафин-баклави? Полесно се подготвуваат од традиционалната баклава, а вкусот може да биде и подобар.

Потребни состојки:

– 200 г брашно
– 1 лажичка прашок за печиво
– ½ лажичка сода бикарбона
– 2 јајца
– 250 мл млеко
– 100 г маргарин
– 100 г сечкани ореви
– 1 ½ лажичка цимет
– ореви за декорација

Прелив:

500 г шеќер
– 300 мл вода

Начин на приготвување: Најпрво измешајте ги маргаринот и јајцата, а потоа во добиената смеса додадете брашно, прашок за печиво и сода бикарбона. Во него сипете млеко и сè заедно измешајте со миксер. На крај во смесата додадете ситно сечкани ореви и цимет по желба. Истурете ја смесата во калапот и печете околу половина час на 200 степени. Додека се печат, подгответе ги шеќерот и водата да зовријат, кога ќе бидат готови прелијте го секој мафин со овој сируп.