ЛЕБ КОЈ НЕ ДЕБЕЛЕЕ: Лекар тврди дека ова е ЕДИНСТВЕНИОТ РЕЦЕПТ

Кардиологот Стивен Гандри од Небраска, автор на книгата „Парадоксот на растенијата“, вели дека има само еден вид леб што навистина можете да го јадете без чувство на вина. Д-р Гандри го нарекува „речиси леб“, а е без соја, квасец и глутен. А всушност изгледа како обичен бел леб!

Од што се состои?
Белки, бадемово брашно, кокосово масло, кокосово брашно, брашно од сладок компир, брашно од лешник, путер од бадем и уште неколку работи. Едно парче според неговиот рецепт има 90 калории.
Секако, д-р Гандри започнал и со производство, па не сака да го открие целиот рецепт. Но, бидејќи и самиот рекол дека инспирацијата за лебот е од палео диетата, која е богата со рецепти за леб со слични состојки, и вие можете да направите своја верзија на здравиот „речиси леб“. Избравме една од најпопуларните на интернет во моментов, и можете да истражувате варијации на темата.
Потребни состојки:
2 чаши бадемово брашно
1/3 чаша + 1 лажица мелен лен
1 лажичка цело ленено семе
1/2 лажичка сол
1 лажичка сода бикарбона
1/2 чаша густин
6 лажици путер
4 јајца
1 лажичка јаболков оцет
1/2 чаша грчки јогурт
Начин на приготвување: Во поголем сад измешајте ги сите состојки во прав и ленот. Растопете го путерот во тава и оставете го да се излади пет минути. Измешајте го растопениот путер со јајцата, оцетот и јогуртот. Со гумена шпатула нежно измешајте ги влажните и сувите состојки додека не добиете брашно. Внимавајте да не претерате со мешањето затоа што ќе стане премногу густо и мрсно. Истурете во сад за печење обложен со хартија за печење. По желба посипете со уште малку лен.
Печете на 175 степени околу 25 минути (проверете со чепкалка за да бидете сигурни кога е готово). Оставете го лебот да се излади во рерна, па исечете го на тенки парчиња и послужете.