logo
logo
logo

Кифлички полнети со кулен и сирење

Vecer | 05.12.2021

Кифлички полнети со кулен и сирење

Доколку сакате кифлички, во продолжение ви пренесуваме одличен рецепт за кифлички полнети со кулен и сирење.

Тесто

1 кг мазно брашно

700 мл млеко

200 мл сончогледово масло

1 кесичка прашок за пециво

1 лажичка сол

40 свеж квасец (1 коцка)

1 лажица шеќер

Полнење

150 г. кулени

150 г. сирење

Премачкување

1 жолчка

1 лажица млеко

2 лажици сусам за посипување

Подготовка:

1

Стасајте го квасецот

Квасецот и шеќерот измешајте ги со 200 мл топло млеко и оставете десет минути да „стаса“.

2

Замесете тесто

Ставете го квасецот, солта, млекото, прашокот за пециво и сончогледовото масло во мазното брашно што ќе го ставите во поголем сад. Месете го тестото и по потреба додадете уште брашно.

3

Оставете да нарасне

Откако ќе замесите мазно тесто, оставете го околу 45 минути на топло место и без провев да нарасне, покриено со чиста кујнска крпа.

4

Обликувајте

Расукајте  го тестото со дебелина од околу еден сантиметар и исечете триаголници за да ги наполните со полнење со сирење и кулен. Виткајте во кифлички и исечете малку потесно за да изгледа поинаку при виткање, а не како класична кифличка. Ако ви е премногу комплицирано, не морате.

5

Печете

Кога ќе ги обликувате кифличките, ставете ги во плех и оставете да нараснат околу половина час. Пред тоа вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени.

Измешајте ја жолчката со една лажица млеко и премачкајте ги нараснатите кифлички, посипете со малку сусам и ставете ги во рерна околу 25 минути. Времето за печење зависи и од тоа колку големи кифлички сте направиле, па 25 минути ќе бидат доволни за оние со големина на вашата дланка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk