logo
logo
logo

Каде ГРЕШИТЕ кога спремате ПИЦА

Vecer | 22.03.2022

Каде ГРЕШИТЕ кога спремате ПИЦА

Се чини дека е многу лесно да се направи пица, омилено јадење на многумина, но има неколку работи на кои треба да обрнете внимание за се да испадне добро.

Недоволно загреаната рерна е една од главните грешки при сечењето на пицата.

Загрејте ја рерната на максимална температура и само кога е навистина жешка ставете ја пицата и печете ја десетина минути.

Подготовка на тесто

Тестото мора да биде доволно „одморено“. Многу е важно да нарасте доволно. Исто така, тестото најдобро е подоцна да го истегнете со раце, а ако се повлече додека го расукувате, тоа е знак дека треба да отстои некое време на собна температура.

Состојки за пица

Сосот од домати е подобар ако е домашен, а за тоа треба малку труд. Откако ќе се направи, само зачинете го по желба и размачкајте го тестото. Друга важна работа кога станува збор за состојките е никогаш да не ги ставате најевтините. Исто така, важно е да знаете добро да ги комбинирате состојките за пицата да не биде многу солена или блага.

Загреана рерна

Сега кога вашето омилено јадење е подготвено за последниот чекор, важно е да внимавате рерната да биде добро загреана. Треба да се загрее на највисока температура и дури потоа да се стави пицата и да се пече најмалку десет минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk