logo
logo
logo

Италијанско тесто за пица

Vecer | 09.11.2021

Италијанско тесто за пица

Пицата е омилен вкус во кој ужива целото семејство. А уште ако тестото е направено по оригинален, италијански рецепт... тогаш е вистинско гурманско уживање …

Потребни состојки:

  • 250 г брашно
  • 125 мл вода
  • 1 кафена лажичка сув квасец
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 1-2 супени лажици масло за јадење

Начин на приготвување: Квасецот се раствора во топла вода, при што се додаваат и шеќерот и солта. Се трга на страна да отстои. Брашното се просејува и се додава квасецот. Постепено се замесува, на крај се додава и маслото и се продолжува со месењето додека маснотијата не се впие целосно. Се остава тестото да отстои додека не се удвои масата, да стои на топло место, при што садот се покрива со најлонска фолија и крпа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk