logo
logo
logo

Едноставни, а сепак вкусни - Бисквити со цимет

Vecer | 13.01.2023

Едноставни, а сепак вкусни - Бисквити со цимет

Одлични се со чај и добар филм...

Состојки:

500 гр брашно

1 лажица прашок за пециво

2 лажици цимет

2 јајца

100 гр шеќер

120 гр путер

1 кесичка ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте ги прашокот за пециво, циметот и брашното. Во друг сад убаво изматете ги јајцата, шеќерот, путерот и ванилиниот шеќер. Потоа додадете ја смесата со брашно. Замесете тесто. Завиткајте во фолија и оставете го во фрижидер околу 30 минути.

Расукајте го тестото тенко и со калап извадете форми. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се пече во загреана рерна околу 10 минути на 180 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk