Многу домаќинки при подготовката на погача се држат до старите добри рецепти, но доколку немате ваш докажан рецепт еве еден кој може да ви помогне да направите совршена погача:
Потребни состојки:
- 700 г брашно
- 500 мл млеко
- 150 мл јогурт
- 100 мл масло
- 1 сув квасец
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 јајце за премачкување

Начин на приготвување: Во 250 мл млеко додадете една лажичка шеќер и сув квасец. Сето тоа измешајте го и оставете да нарасне. Во сад додадете брашно, сол и прашок за печиво. Сето добро измешајте го. Направете дупка во садот, истурете 100 мл масло, 150 мл јогурт, надојдениот квасец и остатокот од млекото. Добро замесете. Тестото се става во подмачкана тава (предходно скршете парче тесто и направете плетенка). Премачкајте го тестото со едно изматено јајце, а потоа ставете ја плетенката. Оставете го лебот да нарасне, околу 20 минути. Потоа се става во загреана рерна и се пече еден час на 180 степени. Проверете со чепкалка дали лебот е готов. Завиткајте го во чиста крпа и оставете го да здивне.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата