logo
logo
logo

Диетален сладолед со кисело млеко

Vecer | 02.08.2021

Диетален сладолед со кисело млеко

Потребни состојки:

  • 70 г кисело млеко
  • 70 г замрзнати парчиња ананас
  • 1 супена лажица мед
  • 1 полна кафена лажица сок од лимон

Начин на приготвување:

Измешајте ги сите состојки во блендер. Мешајте додека не добиете компактна смеса. На крај, во сладоледот по желба може да додадете и малку кокос, кој претходно може и малку да се пропржи. Тропскиот сладолед за брзо време ќе биде готов, а неговиот егзотичен вкус нема никого да остави рамнодушен!

Доколку не претпочитате ананас, сладоледот може да го приготвите со кое било друго овошје, по ваша желба, или пак едноставно само да измешате 150 грама кисело млеко, 2 супени лажици мед и 3 супени лажици сок од лимон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk