logo
logo
logo

Чоколаден сладолед со путер од кикиритки

Vecer | 14.07.2021

Чоколаден сладолед со путер од кикиритки

Ако чоколадото и путерот од кикиритки се наоѓаат на вашата листа омилени состојки, тогаш со гаранција рецептот во продолжение ќе биде по ваш вкус.

Потребни состојки (за три порции):

  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 70 г какао во прав
  • 50 г јаворов сируп
  • 100 г грчки јогурт
  • 4 замрзнати банани

Начин на приготвување: Ставете ги јогуртот, јаворовиот сируп, какаото во прав и бананите во сад за матење. Матете додека не добиете хомогена смеса. Додадете го путерот од кикиритки и промешајте уште 10 секунди. Сладоледот може да се јаде веднаш, но и убаво изладен.

На здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk